Мост низ кој поминува автопат се сруши денеска во северозападниот регион Лигуриа во близина на Савона, соопштија властите.
Властите велат дека дождот и лошите временски услови предизвикале големо свлечиште кое довело до рушењето на мостот, пренесе агенцијата „АНСА“.
Во Лигуриа лани се сруши мост кај Џенова пришто настрадаа 43 лица.