Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев преку својот фејсбук-профил изјави дека повторно ќе испрати барање до Парламентот во Бугарија, нивните власти да ги објават имињата на сите македонски политичари, новинари, професори кои имаат бугарски пасоши…
Еве што напиша Ковачев во својата фејсбук порака:
„Во моментов има повеќе од 150.000 граѓани на Република Северна Македонија кои имаат бугарско државјанство или се во процес на добивање на такво државјанство. Ова е сторено врз основа на докажување на нивното бугарското потекло, како потомци на Бугарите и врз основа на декларација за бугарски идентитет. Всушност, сите овие луѓе се изјасниле дека се чувствуваат етнички Бугари и дека нивните родители и прабаби и дедовци се исто така етнички Бугари. Меѓу нашите сонародници има и многу поранешни и сегашни политичари, поранешни премиери, поранешни и актуелни министри, градоначалници, пратеници од претходните и сегашниот состав на Собранието (некои од нив гласаа против Договорот за пријателство со Бугарија!), членови на раководството на двете најголеми партии, дипломати, бизнисмени, водечки новинари, универзитетски професори, нивните семејства… Далеку сум од илузијата дека сите овие луѓе се искрени во искажувањето на својата бугарска припадност. Некои од нив дури и се и лидери на групите кои шират омраза кон Бугарија. Колку и да ми е чудна оваа шизофренија, таа е факт. Како и да е, сите се плашат јавно да признаат дека зеле бугарски пасоши, дека без притисок, самоиницијативно, во службени документи потпишале дека се Бугари. Ова, за мене е неприфатливо. Ги повикувам бугарските институции јавно да ги обелоденат имињата на сите кои стекнале бугарско државјанство, а се активни во ширењето на омразата против Бугарија, активни се на таа тема во своите партии и организации, целосно се посветени на активности против бугарската историја и националниот идентитет. На оваа шизофренија треба да се стави крај“, напиша Ковачев.
Во март годинава веќе испратив сличен предлог до бугарското национално Собрание и до Министерството за правда. Извинете, ама немам одговор. Сега итно ќе го обновам ова барање.