Металург ремизираше со словенечкиот Горење (23:23) во реваншот од Купот на ЕХФ и не се пласира за групната фаза од ова второ по ранг клупски натпреаврување на евро-сцената. Словенечкиот претставник во Скопје допатува со пет гола предност по првиот дуел одигран во Велење. Македонскиот претставник Металург имаше резултатска предност речиси цел натпреавр, но на крајот нестаса ни да победи. Почетокот на натпреварот за избраниците на тренерот Зоран Кастратовивиќ, даваше надежен дека можат да ја анулираат предноста од пет гола на гостите од Словенија. Поведоа со 4-1. И на полувремето заминаа со водство од три гола за Металург (13-10). Надежта дека во вториот дел предноста ќе биде зголемена до потребните пет-шест гола беше урната на почетокот од вториот дел.
Гостите од Словенија ја анулираат предноста на Металург. Времето беше дополнителен притисок за тимот од Автокоманда, кој овојпат беше домаќин во СЦ „Јане Сандански“ да се врати во игра. Повторно поведе со 20-18 и 22-19, но не реализираа пенал да се доближи до негативата од првиот меч и да направи дополнителен резултаски притисок врз гостите. Наместо триумф, „металурзите“ му дозволија на гостинот од Велење да избегне и пораз, па од Скопје замина со реми за самодоверба во натамошниот дел од европските предизвици.
Марио Танкоски со шест гола беше најефикасен кај македонскиот претставник, пет постигна Поповиќ, а четири Мариќ.