Рекордни 49 коша на Левин, нова одлична партија на Богдановиќ

Кошаркарот на Чикаго булс, Зек Лавин во победата на својот тим од 116:115 над Шарлот, постигна рекордни во кариерата 49 поени. Токму Лавин со тројката во последните секунди од средбата му ја донесе победата на својот тим.

ЛА Лејкерс на гостувањето кај Мемфис дојде до 14 победа сезонава и седма победа по ред. „Езерцата“ на крилјата на Леброн Џејмс го победија Мемфис со 109:108, а „кралот“ Џејмс постигна 30 поени. Лејкерси засега се најдобар тим во НБА лигата со 14 победи во 16 натпревари.

Сан Антонио спарс предводен од двоецот, Ламаркус Олдриџ и Демар Дерозан се врати на победничките патеки, кој на последните 10 натпревари имаше дури осум порази. Олдриџ постигна 34 поени, додека Дерозан 21 во триумфот од 11:104 над Њујорк.

И екипата на Јута Џез продолжува со фантастичните игра во оваа сезона. „Џезерите“ стигнаа до 11. триумф на 16. натпревар, откако пред својата публика со 128-120 славеа над Њу Орлеанс, а на паркетот блескаше Богдановиќ со 28 поени, и по пет скока и асистенции.

Резултати:

Минесота – Феникс 98:100
Шарлот – Чикаго 115:116
Индијана – Орландо 111:106
Атланта – Торонто 116:119
Њујорк – Сан Антонио 104:111
Филаделфија – Мајами 113:86
Кливленд – Портланд 110:104
Мемфис – ЛА Лејкерс 108:109
Милвоки – Детроит 140:90
Јута – Њу Орлеанс 128:120

Треба да знаете
Последни објави