Се чини дека тивката војна помеѓу менторот на Јувентус, Маурисио Сари и тимската sвезда Кристијано Роналдо е далеку од завршена.Вчера Португалецот го проушти мечот на „старата дама” против Аталанта од 13-то коло во Серија А. Тимот на Маурисио Сари направи пресврт и го доби мечот со 1-3 по двата гола на Гонзало Игуаин и еден на Пауло Дибала.
Италијанскиот менаџер изјави дека причина за оставањето на Кристијано Роналдо надвор од групата е повреда, поради која беше заменет на натпреварите против Локомотив Москва и Милан.
Според Сари, Роналдо бил на ниво во првиот натпревар на Португалија против Литванија, но во вториот натпревар против Луксембург повторно чувствувал болка во коленото. 60-годишниот стратег не ја пропушти и реакцијата на Португалецот кога беше заменет во претходните натпревари, велејќи дека видел слична реакција при отстранување на играч од игра само во аматерски дуели во 90-тите.
И покрај објаснувањето дадено од Сари, почнаа да се појавуваат информации дека менторот и Роналдо не се во добри односи.
Очигледно, сепак, недостатокот на Португалецот не влијае негативно на Јувентус, кој и понатаму останува без пораз во текот на сезоната. „Старата дама” има 35 бода и е на првата позиција во Калчото досега.
Во вторник, екипата на Маурисио Сари ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.