Денеска по барање на граѓаните Општина Кисела Вода почна со чистење на една од најголемите диви депонии на нејзината територија

Денеска по барање на граѓаните Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена”  почна со активности за чистење на една од најголемите диви депонии на нејзината територија. Досега на депонијата лоцирана на ул. „Новопроектирана” бр. 13, во должина од околу 100 метри и ширина од 5 метри работниците на Општината и на комуналното претпријатие рачно и со помош на механизација собраа 150 кубни метри отпад.

Активноста за чистење на депонијата продолжува. Локалната самоуправа апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота.

Треба да знаете
Последни објави