Кампања на германските студенти за заштита на климата

Германските студенти покренаа кампања со која се бара поголеми мерки за заштита на климата, а предвидени се различни собири во текот на неделата.

Иницијативата е по примерот на движењето Петок за иднината, инспирирано од шведската тинејџерка Грета Тунберг, што ги поттикна средношколците во многу земји во петок наместо да одат на училиште да протестираат поради недоволното дејствување на владите во соочувањето со климатската криза.

Портпаролот на Движењето Студенти за иднината, Тобијас Холе најави дека прашањата за климатските промени и за заштита на климата до петок ќе бидат ставени во прв план на голем број универзитети. Тој додаде дека не се предвидени протести, но оти локалните групи имаат слобода на дејствување.

Студентите сакаат да се насочат на придвижување на квалитетни јавни расправи за прашањата за климата, вклучително и предавања за околностите што водат до климатски промени и за можни решенија, како и за работилници за тоа што може да се направи на локално ниво.

Акции се планирани во 40 германски градови и во повеќе од 50 универзитети и високи школи.

Треба да знаете
Последни објави