Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф, ќе биде изведена во среда, 27 ноември, со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.
„Кармина Бурана“ со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев.
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Емир Нухановиќ (Босна и Херцеговина). Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.