Лекција на Дончиќ за Харден и Вестбрук среде Хјустон

Словенецот  Лука Дончиќ синоќа одигра уште еден фантастичен натпревар во НБА лигата во тексашкото дерби и гостинската победа на Далас против Хјустон 137:123.

Далас Маверикс од првата минута играа ефективно во Toyota Center во Хјустон и во првите 12 минути успеаја да постигнат 45 поени, наспроти 29-те на Рокетс, а до полувреме нивната предност дополнително порасна и на пауза заминаа со предност од 18 поени (78:60).

Дончиќ го заврши мечот како најдобар играч со 41 поен, шест скока и 10 асистенции, иако не играше во втората четвртина. Ова беше четврти меч во низа на кој постигнал над 30 коша и десет асистенции па од сезоната 1983/84 до денеска, ваков скор имале само Мајкл Џордан, Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Ова беше 11 победа во 16 одиграни натпревари, а Хјустон има една победа повеќе.

Треба да знаете
Последни објави