Соломон Паси: Србија не ни е дорасната

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи и претседател на Атлантскиот совет, Соломон Паси, изјави дека Србија се уште не е во позиција да ја критикува бугарската политика, пренесува „Спутник“. Паси ја коментираше изјавата на претседателот на Одборот за Косово и Метохија во српскoто собрание, Милован Дрецун, кој рече дека Бугарија е вмешана во актуелната разузнавачка афера во Србија.

Според поранешниот бугарски министер, присуството на Бугарија во Србија е неопходно поради руското влијание во таа земја.

„Ние мора да бидеме таму. Најголемиот руски шпионски центар се наоѓа во Ниш, на 30 километри од Бугарија“, истакна Паси.

Паси се огласи и по коментарот на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, дека Бугарија знае да дозволи другите да ѝ ги бираат пријателите и непријателите, а дека Србија не го дозволува тоа. Тој потсети дека Бугарија е членка на НАТО и ЕУ и дека наскоро ќе стане членка на Организацијата за економска соработка и развој.

„Бугарија е далеку пред Србија. Србија се уште не е земја што може да не оценува. Тие, така да се каже, се уште не ни се дораснати, но тоа не не спречува да одржуваме добри односи. Исто така апелирам до бугарската разузнавачка служба да биде многу внимателна кога станува збор за Србија и да го зголеми своето присуство таму бидејќи тоа е неопходно,“ истакна Паси.

Треба да знаете
Последни објави