Тренерот на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен, Томас Тухел му возврати идентично својот колега од таборот на шпанскиот Реал мадрид, Зинедин Зидан, кој порача дека е „заљубен” со Килијан Мбапе веќе некое време.
– Јас сум заљубен во многу фудбалери на Реал, рече Германецот на својата прес-конференција пред натпреварот кои ги очекува овие двата тима во рамките од групата во фудбалската Лига на шампионите.
Средбата на „Сантијаго Бернабеу” се игра утре со почеток во 21:00 часот.
– Не знам точно колку Зидан е заљубен во Мбапе, но најважно е што тој е наш играч. Честопати сакаме работи што не можеме да ги имаме, посочи Тухел.
Тренерот се надева дека младиот светски шампион нема да биде продаден.
– Сакаме да изградиме силен тим со Мбапе во него. Не сакам да размислувам за иднина без Килијан, додаде Германецот.