Агуеро го пропушта дербито на Манчестер

Напаѓачот на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе има принудна пауза од неколку недели поради повреда на препоните што ја заработи викендов за време на дербито со Челзи.

Ова го соопшти тренерот на „граѓаните”, Пеп Гвардиола. Според медиумите на Островот, скоро е сигурно дека аргентинскиот напаѓач ќе го пропушти дербито против Манчестер јунајтед на 7 декември.

– Не знам колку ќе пропушти. Тој веројатно ќе пропушти неколку натпревари. Тој има проблем со тетивата, па ќе биде надвор за следните неколку натпревари. Серхио ќе ни недостасува. Сепак, ги имаме Габриел Хесус и Рахим Стерлинг кои можат да играат на оваа позиција. Нема други нови повредени. Давид Силва и Родри имаа грчеви, но тие се во ред, рече Гвардиола.

Агуеро има два гола на 12 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави