Папата Франциск му рече на јапонскиот цар Нарухито дека се сеќава кога ги видел своите родители како плачат поради вестите за атомските напади врз Хирошима и Нагасаки пред 74 години.
Нарухито, пак, му рече на папата Франциск дека исклучително ги почитува неговите напори во име на светскиот мир и среќата на луѓето, објави АП.
Папата ги посети Нагасаки и Хирошима, каде што ги повика светските сили да се откажат од своите нуклеарни арсенали и ја прогласи употребата и поседувањето на атомска бомба за неморално злосторство.