На доделувањето на Американските музички награди на свеченоста во Лос Анџелес, триумфираше Тејлор Свифт (29), освојувајќи шест награди. Свифт ја освои главната награда за изведувач на годината и уште четири други. Доби награда и за почесен изведувач на деценијата. Сега има веќе 29 награди, со што го надмина рекордот на Мајкл Џексон, кој собра 24 награди.
Покрај главната награда за артист на годината, освои и 5 други, така што досега има вкупно 29 награди со што го надмина рекордот на Мајкл Џексон кој има освоено вкупно 24 музички награди. Тејлор доби и награда за почесен артист на деценијата.
-Оваа година за мене беше полна со емоции. Беше добро, но и комплицирано. Сè што ми е важно се спомените кои ги имам со вас, со години, изјавила Сфивт која победи во конкуренција со Дрејк, Аријана Гранде, Халси и Пост Малоун, наведува “CNN”.
Свифт доби и награда за најдобар видео спот, најдобар поп/рок албум и најдобра поп/рок пејачка.