Дибала: Играта која ја поставува Сари ни е забава

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус – Пауло Дибала изјави дека под водство на тренерот Маурисио Сари напаѓачите се забавувале на теренот.

Аргентинецот има постигнато 6 гола од почетокот на сезоната, а во целата мината сезона имаше постигнато само 10 голови. Поранешниот тренер на „старата дама“, Масимилијано Алегри често го оставаше на клупата.

-Начинот на кој Сари раководи со тимот е променет. Сари има сосема поинакво разбирање на играта. За мене е позабавно, а веројатно и за другите напаѓачи. Ние ја држиме топката повеќе и создаваме многу шанси. Ова ни дава шанса да направиме нешто поразлично. Учиш како да играш брзо и да напаѓаш постојано. Има натпревари на кои создаваме 20 позиции. Можете да замислите што значи тоа за еден напаѓач, изјави Аргентинецот за „Ел Паис”.

Во текот на летото, 26-годишниот техничар одби да се пресели во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, иако Јуве беше подготвен да го продаде.

– Се чувствувам како важен играч кој го почитуваат навивачите и соиграчите. Но, јас не се чувствувам како лидер и не се обидувам да бидам таков. Еден лидер треба да пренесе и да генерира нешто позитивно во врска со групата. Не мора да викате или да навредувате за да бидете почитувани. Треба да знаете кога да зборувате. Понекогаш не мора да зборувате. На пример, Патрис Евра беше феноменален во овој поглед. Или Џиџи Буфон. Тој е господин и неговото присуство е импресивно. Важно е да бидете природни, заклучи Дибала.

Треба да знаете
Последни објави