Европската Комисија одобри апелација со заштитено потекло за хрватскиот „Пашки сир”

Европската Комисија го одобри барањето на Загреб да се додели апелација со заштитено потекло за хрватското сирење “Пашки сир”, соопшти денес Комисијата.

Станува збор за овчо сирење со потекло од островите Паг, Маун и Скрд и важи за едно од најавтентичните хрватски сирења со типични ароми кои произлегуваат од локалните зачини.

-Производството на Пашки сир за прв пат се споменува во 1831 година во Новиот универзален географски речник, денеска сѐ уште ова сирење се произведува во мали семејни компании каде се одгледуваат и овците од островот Паг, објаснува Европската Комисија во своето образложение за доделувањето на апелацијата за ова сирење.

Околу 1.400 производи во земјите од Европската Унија имаат заштитен трговски статус, чија цел е сочувување на квалитетот на продуктите и нивното производство, како на пример италијанската моцарела или грчкото маслиново масло Каламата.

Географските индикации одобрени од Европската Комисија се третираат како интелектуална сопственост и имаат важна улога во трговските спогодби што ги склучува ЕУ со трети земји.

Треба да знаете
Последни објави