Зидан е „заљубен“ во Мбапе

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Зинедин Зидан во пресрет на на натпреаврот со францускиот Пари Сен Жермен во рамките од групната фаза о лигата на шампионите призна дека веќе некое време бил „заљубен” во напаѓачот од редовите на „светците“ Килијан Мбапе.

Со тоа тој ги засили уште повеќе шпекулациите за неговиот можен трансфер на „Сантијаго Бернабеу”.

„Мбапе доаѓа тука како противник. Што и да зависи од мене за да го запреме, ќе го сторам тоа. Знаеме дека ПСЖ ќе биде оптимално подготвен. Натпреварот е важен за сите,. Треба да одиграме одлично против тим кој има одлична сезона. Ќе бидат екстремно мобилизирани – ние исто. Сакаме да постигнеме добар резултат и ќе биде интересно. Веќе некое време сум вљубен во Мбапе, прво како личност. Мислам дека двајцата со Нејмар ќе играат, а ние сме добро подготвени. Треба да бидеме смели, посочи Зидан.

Треба да знаете
Последни објави