Исламска револуционерна гарда: Ќе ги уништиме САД, Израел и Саудиска Арабија ако ги преминат црвените линии

Шефот на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), Хосеин Салами вети дека ќе ги уништи САД, Израел и Саудиска Арабија ако тие ги преминат „црвените граници на Техеран“, пренесува „Спутник“.

„Покажавме воздржаност, покажавме трпеливост кон непријателските потези на САД, ционистичкиот режим и кон Саудиска Арабија против Исламската Република, но ние ќе ги уништиме ако ги преминат нашите црвени линии”, рече Салами.

Изјавата следува откако командантот на морнарицата на ИРГЦ, Али Реза Тангсири предупреди на почетокот на минатиот месец дека горката судбина ќе ја снајде секоја земја што ќе ја премине морската граница на Иран. Тој, исто така, рече дека заробувањето на американски и британски сили кои во минатото влегле во територијалните води на Иран, биле само предупредување за оние што сакаат да ги кршат поморските граници на земјата.

Треба да знаете
Последни објави