Словенецот Лука Дончиќ синоќа одигра уште еден фантастичен натпревар во НБА лигата во тексашкото дерби и гостинската победа на Далас против Хјустон 137:123.
Далас Маверикс од првата минута играа ефективно во Toyota Center во Хјустон и во првите 12 минути успеаја да постигнат 45 поени, наспроти 29-те на Рокетс, а до полувреме нивната предност дополнително порасна и на пауза заминаа со предност од 18 поени (78:60).
✨ 41 PTS, 6 REB, 10 AST
✨ 4th straight with 30+PTS, 10+AST
✨ 5th DAL win in a row@luka7doncic stays hot as the @dallasmavs top Houston on the road! #MFFL pic.twitter.com/qUD3aZpOGB— NBA (@NBA) November 24, 2019
Дончиќ го заврши мечот како најдобар играч со 41 поен, шест скока и 10 асистенции, иако не играше во втората четвртина. Ова беше четврти меч во низа на кој постигнал над 30 коша и десет асистенции па од сезоната 1983/84 до денеска, ваков скор имале само Мајкл Џордан, Џејмс Харден и Расел Вестбрук.
Ова беше 11 победа во 16 одиграни натпревари, а Хјустон има една победа повеќе.