Македонските ракометарки со победа го завршија меѓународниот турнир во Анталија

Женската сениорска ракомента репрезентација на Македонија со победа против Косово го заврши настапот на меѓународниот турнир што се одржа во Анталија, Турција. Во последниот натпревар на турнирот македонските девојки беа поуспешна од репрезентацијата на Косово 30:27 (17:13).

Георгиевска со 8 погодоци беше најефикасна, додека Јанкуловска и Стојаноска постигнаа по шест гола.

Македонија од Анталија се враќа како второпласирана на турнирот, со две победи (над Косово и Турција Б), реми со Италија и еден пораз од Турција А.

 

Треба да знаете
Последни објави