Протекоа тајни документи на кинеската влада, граделе кампови за муслимани

Протекоа низа тајни документи кои откриваат пообјективна слика за таканаречените кинески центри за превоспитување на муслимански малцинства. Поточно, кинеската влада тврди дека центрите во Ксинџијанг се доброволни училишта за стручно оспособување на Ујгурите, но се чини дека станува збор за присилни кампови за превоспитување и промена на светогледот.

Документите беа објавени од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ). Тоа се шест документи, претежно од 2017 година, во кои се прикажани плановите на кинеската влада за изградба на голем број високо обезбедени објекти каде што затворениците присилно ќе го изучуваат кинескиот јазилк и идеолошки ќе се образоваат, пренесува „Си-ен-ен“.

 

Пекинг продолжува да инсистира на тоа дека масовните кампови се всушност доброволни центри за стручно оспособување, па дури и во споменатите документи, таквите објекти се нарекуваат „установи за обука“, а затворениците – студенти.

Треба да знаете
Последни објави