Две момчиња се убиени додека седеле во комбе пред основно училиште, недалеку од Сан Франциско, пренесуваат американските медиуми. Мотивот за нападот засега не е познат, а момчињата настрадале додека седеле во возило паркирано пред училиштето.
Полицијата на местото на настанот пристигнала откако соседите пријавиле пукање, кое се случило еден час по полноќ.