Тони Брекстон безвременска, му покажа на светот дека сè уште го има вистинското

Tаа е една од најпродаваните ѕвезди на R&B (ритам и блуз) на сите времиња.

И Тони Брекстон му покажа на светот дека сè уште го има она вистнското во неделата вечер на церемонијата на доделувањи музички награди во Лос Анџелес.

52-годишната пејачка заблеска во две облеки пред да ја изведе нејзината бесмртна балада Un-Break My Heart.

Тони пристигна на црвениот тепих во проѕирна беж наметка со рефлективен боди костим одоздола. Нозете се гледаа низ проѕирните слоеви вел, додека градите биле украсени со низа пердуви во иста боја, кои совршено одговараа на целиот аутфит.

Подоцна во вечерните часови таа за својот настап се појави со друг фустан. И ја  запеа Un-Break My Heart, оставајќи ја публиката без здив.

Песната на легендарната жена-текстописец Дајан Ворен, ја има на нејзиниот втор албум Secrets од 1996 година.

Un-Break My Heart се искачи на првото место на листата Billboard Hot 100 како и на листите Hot Dance и  Аdult Contemporary. Таа беше прогласена за најуспешна соло песна во историјата на Hot 100.

 

Треба да знаете
Последни објави