Филипини: Ослободена киднапирана двојка од Велика Британија

Војниците на југот на Филипините спасија еден Британец и неговата сопруга Филипинка од припадници на исламистичка милитантна група, но нивните киднапери успеаја да избегаат, соопштија денеска претставниците на филипинската власт.

Брачната двојка Алан и Вилма Хиронс, кои беа киднапирани од одморалиште на 4 октомври, избегале во соседната провинција и сега се згрижени во воен логор, се вели во соопштението.

Војската покажала фотографија од спасената двојка, која се чини дека е неповредена, пренесува „Ројтерс“.

Филипините не откриваат кога ќе бидат исполнети барањата за нивно ослободување.

Киднаперите се членови на Абу Сајаф, група која дејствува во архипелагот Сулу со екстремистички фракции лојални на Исламската држава и биле поврзани со најмалку пет самоубиствени бомбашки напади во регионот во последните 16 месеци.

Оваа терористичка група шири страв преку нападите и киднапирањата на Европејците и морнарите од Виетнам, Индонезија и Малезија.

Некои од заложниците, наводно, биле држени со години, а потоа биле убиени со отсекување на главата затоа што не бил платен откупот, како што беше случајот со еден Германец и двајца Канаѓани.

Треба да знаете
Последни објави