Џастин Тимберлејк (37) е во повеќегодишен брак со актерката Џесика Бил (37), и нивниот брак се смета за еден од најцврстите во Холивуд. Снимката на која пејачот и актер ја држи за рака актерката Алиша Ваинрајт (30), нежно допирајќи ја и разменувајќи погледи со неа може потенцијално да ја наруши таа идила.
Британски „Сан“ објави видео во кое се гледа дека Тимберлејк и актерката по снимањето на сетот, во кој речиси секојдневно глумат љубовници во филмот ’Палмер’, продолжиле со своите улоги.
https://www.instagram.com/p/Bz5-fvInAqF/
Изворот на британскиот таблоид, кој ја донесе снимката, исто така тврди дека таа вечер Џастин консумирал големо количество алкохол и повеќе не можел да стои на нозе.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се венчаа во 2012 година и имаат четиригодишен син, Силас.