(Видео) Заглавен автобус во Русија извлечен со тенк

Автобусот бил заглавен во канал покрај патот во Русија се додека на помош не дошол тенк.

Најверојатно поради снегот и лизгавиот пат, автобусот се лизнал од патот во Русија, блокирајќи го пристапот до селото во регионот Амур на истокот на земјата.

Класичните возила не успеале да го извлечат автобусот од каналот.

Воената академија која се наоѓала во близина дознала за проблемот и оттаму на помош испратиле тенк Т-72.

Тенкот на руската армија со леснотија го извлекол автобусот, па патот бил брзо деблокиран.

Треба да знаете
Последни објави