Навивачката група „Шврецери“ на фудбалскиот тим „Шкупи“ од Чаир во петокот влегла во Македонскиот народен театар да го прослави својот 30 годишен јубилеј и да го проследи документарниот филм снимен по овој повод.
Според првичните информации, толпата навивачи дивеела во театарот и направила значителна материјална штета која во моментов ја проценуваат екипи на Министерството за внатрешни работи.
Од видеа од прославата објавени на јутјуб и социјалните мережи, се гледа дека навивачите бурно скандираат качени на столиците, со удирање по инвентарот во салонот на МНТ.
Во скандирањата на навивачите на скоскиот прволигаш може да се слушнат и пораки како „вие немате историја“, а во театарот беа изложени и голем број навивачки транспаренти.