Ганиу: На покана на „Шверцерите“ бев во МНТ

Владата се огради од вчерашниот инцидент во МНТ во кој навивачката група „Шверцери“ дивееше во татаротЧаирскиот градоначалник Висар Ганиу за Плусинфо вели дека тој на прославата на 30 години од постоењето на навивачката група „Шверцери“ во Македонскиот народен театар бил на покана токму од навивачката група.

– На прославата на јубилејот на навивачката група во МНТ бев на покана на „Шверцерите“. Ме поканија како гостин на јубилејот за да ми врачат плакета како поранешен долгогодишен тренер и директор на фудбалскиот клуб Шкупи. Претходно во МНТ бев на прославата на Денот на албанската азбука организирана од владата. Кога заврши првата прослава, заедно со ексградоначалникот на Чаир Изет Меџити прашавме каде ќе се одржи јубилејот на „Шверцерите“ и нѐ информираа дека ќе биде во истата сала. Искрено се зачудив и се изненадив. Ни кажаа дека ќе се одржи академија и документарец за „Шверцерите“. Кога влеговме со Меџити во МНТ  навивачите само скандираа и пееја. Претходно, но и потоа не знам дали имало уништување на инврертарот во театарот – ни изјави Ганиу.

Треба да знаете
Последни објави