Индиски тинејџер врзан за столб, полиен со бензин и запален поради бизарна шала

Едно 16-годишно момче во Индија било брутално убиено откако неговиот брат избегал со сестрата на осомничениот и покрај противењето на семејството. Нападот, наводно, бил предизвикан од задевањето на жртвата за нивниот брак, пренесува РТ.

Ужасното убиство се случи во градот Манза, во северната држава Пенџаб. Жртвата Јасперет Синг бил врзан за столб во напуштена мелница за ориз, полиен со бензин и запален жив, соопшти полицијата.

Три лица се уапсени во врска со злосторството. Според претставникот на градската полиција, Манса Сухјет Синг постариот брат на тинејџерот бил во врска со сестрата на еден од осомничените. Двојката пред две години избегала во друг град, се венчале и добиле дете.

Извори за „Индијан експрес“ изјавиле дека семејството на девојчето не го одобрувало бракот и не им дозволувало да се вратат во родниот град. Тие исто така велат дека постојаното задевање за нивната романса од страна на жртвата е можна причина за нападот.

Полицијата ги наведе тврдењата на роднините на осомничениот дека жртвата постојано го задевала него и неговото семејство за овој брак, велејќи им дека парот ќе се врати и ќе почне да живее со нив наскоро.

Државните власти веруваат дека злосторството не е случај на насилство поврзано со каста, бидејќи и жртвата и осомничените припаѓаат на етничката заедница Далит, чии членови се историски дискриминирани во Индија.

„Без сомнение, овој инцидент е брутален. Тоа е ладнокрвно убиство и виновниците мора да бидат казнети според законот“, рече шефот на Комисијата за касти на државата Пенџаб, Теџиндер Каур.

Треба да знаете
Последни објави