Индијка родила момче со две глави и три раце

Во исклучително редок случај, една жена во Индија вчера родила момче со две глави и три раце во село во областа Видиша, во државата Мадја Прадеш, пренесува „Спутник“.

Лекарите од болницата, наводно, рекле дека на ултразвукот на новороденчето е видливо само едно срце, но во извештаите во медиумите се вели дека нејзиниот сопруг рекол оти на ехосонографијата пред два месеци, на парот му било кажано дека ќе има близнаци. Бебето сега е на интензивно лекување во болницата.

Последниот ваков случај беше пријавен од западната држава Раџастан во 2016 година, кога двоглаво момче со тежина од 2,5 килограми се роди здраво, но почина во рок од 32 часа од раѓањето. Националниот портал за здравје на Индија на својата веб-страница вели дека распространетоста на вродените дефекти во Индија е 6-7 отсто, односно во околу 1,7 милиони случаи на годишно ниво. Во околу 7,9 милиони раѓања (6 отсто од сите раѓања) на годишно ниво во светот, бебињата се со сериозни недостатоци при раѓање. 94 отсто од овие раѓања се во земјите со средни или ниски приходи. Најчести се вродените срцеви заболувања (8-10 на 1.000 живородени бебиња).

Треба да знаете
Последни објави