Крадци рано утрово упаднале во музејот во Дрезден и украле наследство вредно речиси една милијарда евра, објави германскиот весник „Билд“.
URGENT: Treasures worth up to billion of Euros stolen from museum in Eastern Germany – reportshttps://t.co/PCiDqb8i2B pic.twitter.com/t9peCmNjkd
— Sputnik (@SputnikInt) November 25, 2019
Засега е познато само дека е украден исклучително вреден антички накит, чија вредност на старт е проценета на речиси една милијарда евра. Кражбата се случила во историскиот музеј „Грин валут“ во Дрезден, кој иначе содржи најголема колекција на наследства од сите музеи во Европа.
Центарот на Дрезден, каде се наоѓа музејот, е преполн со полиција, која засега не дава никакви информации.