Осквернавен еврејски споменик во Украина

Неидентификувани лица нацртале кукести крстови на споменикот на истакнат еврејски автор во Киев.

Главниот рабин во Украина, Моша Рувен Азман, објави фотографии од споменикот на Шолем Алехем пред синагогата во Киев, на кој со црвен спреј е нацртан кукест крст – свастика, пренесува АП.

Полицијата започна истрага за случајот, а министерот за надворешни работи Вадим Пристаико го осуди антисемитскиот чин и го нарече одвратен и грозен.

Амбасадорот на Израел во Украина Џоел Лион напиша на Твитер дека Украина мора да се разбуди и ги повика властите да ги најдат виновниците и да ги изведат пред лицето на правдата.

Треба да знаете
Последни објави