Зошто Ана Винтур игра толку важна улога во модната индустрија

Кога станува збор за титаните на модната индустрија, малку се оние кои можат да побудат почит и озлогласеност до степен на Ана Винтур. Уредничката на американксиот Вог (Vogue) прераснува во фикција, дури и лик за пародија во филм, а веќе долго време го носи статусот икона.

Во чест на 70-тиот роденден на Винтур, светските медиуми ги разгледуваа некои од најголемите достигнувања на уредничката и испитуваа како таа стана највлијателната и илустративна фигура на модната индустрија.

Ана Винтур е родена во Лондон во 1949 година и потекнува од семејство на новинари. Таа е најстарата ќерка на починатиот Чарлс Винтур, кој беше уредник на Evening Standard во 1960-тите и нашироко се смета за еден од најпознатите британски новинари во тоа време. Помладиот брат на Винтур, Патрик, исто така е новинар и во моментов работи како дипломатски уредник во Гардијан (The Guardian).

Винтур се запиша на North London Collegiate School  во Стенмор, но се откажа на 16-годишна возраст. Таа потоа се вработи во култниот лондонски моден бутик „Биба“ во 1960-тите години, пред да заврши програма за обука во Хародс и да добие постојана работа како помошник уредник во списанието Harper’s & Queen, сега Harper’s Bazaar. Во 1975 година, Винтур стана помлад моден уредник во Harper’s Bazaar во САД, каде што престојуваше неколку години.

После краткиот статус на моден уредник во списанието New York Magazine, Винтур беше „печена“ за улогата креативен директор на American Vogue. Таа се врати во Велика Британија во 1985 и стана главен уредник на британскиот Вог. Нејзината храброст, претерана ароганција и неможност да трпи неталентирани придонесе да го добие прекарот „нуклеарна Винтур“ а се алудира на продолжено климатско ладење како резултат на нуклеарна војна. Винтур се врати во Њујорк по две години, а по краткиот ангажман во House & Gardenбеше именувана за уредник на American Vogue, наследувајќи ја Грејс Мирабела.

Винтур е заслужна за револуција во модната индустрија уште од нејзиното прво издание во Vogue. Секојдневната комбинација на фармерки Guess со џемпер  Christian Lacroix (Кристијан Лакроа) – во која беше облечена манекенката на  насловната страница, израелскиот модел Михаела Берку –  стана впечатлива и нешто сосема ново и свежо во индустријата во време кога гламурозните вечерни фустани беа норматив во киосците за весници.

Многу се цени и за пионерскиот потег кога донесе ликови надвор од светот на модата на страниците на списанието, на чии насловни страници во минатото беа исклучиво селебрити личности, политичари и спортисти. Во тоа време насловните на Вог беа резервирани само за славни личности. Овој пресврт во Вог се случи под 31-годишното владеење на Винтур.

Како доверител на њујоршкиот Метрополитен музеј, Винтур ја предводи и годишната Мет гала, на која се собираат познати личности од целиот свет за да да го прослават отворањето на годишната изложба на костуми во музејот, облекувајќи се според однапред најавена тема. Во 2014 година, одделот за костуми на музејот беше преименуван во Институт за костуми Ана Винтур во чест на нејзината работа. Во 2013 година, таа беше прогласена и за уметнички директор на издавачката куќа ва Вог, Condé Nast, а во 2017 година ја доби титулата Дама за нејзините услуги во модата и новинарството.

Дама е почесна титула и женски облик на обраќање со почит во многу христијански витешки редови – во британскиот систем на почести и неколку други земји од Комонвелтот, како Австралија и Нов Зеланд – тоа е всушност машка форма на титулата Сер (Sir).

Винтур стана исто толку позната по својата работа како и со својот беспрекорен изглед, што всушност претставува нејзин потпис. А тој се состои од кафена боб фризура која таа започна да ја носи како тинејџерка, дизајнерски миди фустани, чевли Маноло Бланик и темни очила за сонце. Нејзиниот изглед е ривал на оној на покојниот Карл Лагерфелд што се однесува на нивните особени индивидуалности.

Кариерата на Винтур не изостана со контроверзии. Во 2003 година, една од нејзините поранешни асистенти, Лорен Вајсбергер, напиша измислена приказна за времето кога работела во Вог, The Devil Wears Prada, кој стана познат филм блокбастер во кој глуми Мерил Стрип како Миранда Присли, кој всушност ја портретира Винтур.

Треба да знаете
Последни објави