Добитникот на наградата Сахаров 2018 за слобода на мислење на Европскиот парламент, денес ја доби истата од рацете на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Минатата година на негово место беа неговата братучетка Наталија Каплан и неговиот адвокат Д,итри Динзе, но по неговото ослободување на 7 септември 2019 во рамките на размената на затвореници меѓу Русија и Украија, Олег Сенцов е повторно на слобода. Тој помина пет години зад решетките поради неговото протестирање за анексијата на Крим од страна на Русија.
Давајќи му ја наградата, претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли изјави:
-Вие ги браневте вашите принципи и убедувања, поради ова Г-дине Сенцов вие ја плативте скапата цена на слободата. Никој не треба да го плаќа ова.
Понтаму Сасоли ја поздрави храброста на бранителот на слободите чиј глас продира кога човековите права се прекршени. Притоа тој потсети дека има уште многу други, како блогерот и новинар Станислав Асејев се затворени некаде на истокот од Украина, барајќи нивно ослободување.
Добивајќи ја нагрдата Сенцов рече дека тоа е огормна чест и одговорност да ја добиеоваа награда.
-Ја примам и не ја земам како лична чест, туку како награда за сите украински политички затвореници кои поминаа низ руските затвори и за оние кои се се уште таму”.
Пред новинарите Олег Сенцов рече дека „Европа не треба да му верува на Путин”.
-Ништо не треба да му се верува на Путин, тој е поранешен припадник на тајните служби и тој вешто се служи со двоен или троен јазикм тој е циничен.
Притоа тоа го поткрепи со однесувањето на Путин кон Украина, и кон неговиот роден Крим која ја поздравуваше и подржуваше се додека таа не ја избра западната опција.
Сенцов притоа себе си скромно не се определи како борец и активист за човекови права, дека тој беше скоро непознат режисер, пред да се ангажира во одбраната на вредностите кои го однесоа во затвор во Русија по анексијата на Крим.