Повреден пешак и малолетна сопатничка во две сообраќајки во Скопје

Пешак и сопатничка во автомобил биле повредени во две сообраќајни несреќи, вчера во Скопје, информираше МВР.

-На 25.11.2019 во 19.15 часот на улица Македонско Косовска Бригада автомобил  „ауди“ управуван од Т.Ф.(44) од Скопје, удрил  во скопјанецот У.С.(40). Во незгодата, пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Претходно, утрото во 7 часот на локалниот пат за Марков манастир се судриле  „фолксваген голф“  управуван од Р.М.(38) од село Цветово и „фолксваген шаран“ што го управувал М.Ч.(58) од Батинци.

Во незгодата тешко е повредена малолетничка, сопатник во „голфот“ по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полесно повреден е возачот и и вториотсопатник Ш.М.(41), по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави