Сите владини агенции се ангажирани и интензивно работат на спасување на животите на луѓето во најзагрозените места во Драч и Туман, по катастрофалниот земјотрес што утрово ја погоди Албанија, рече премиерот Еди Рама.
„Во овој драматичен момент, треба да ја задржиме својата смиреност, да бидеме рамо до рамо за да се справиме со овој шок“, напиша Рама на „Фејсбук“.
Рама пристигна во Драч рано утрово, град кој е најтешко погоден во земјотресот.
Албанија во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по рихтер, кој е најсилниот во последните три децении. Во портесот загинаа најмалку шест лица, повеќе од 300 повредени и беа предизвикани големи материјални штети. Замјотресот беше почувствувано низ целиот регион, вклучително и во Македонија.
Рама, исто така, истакна дека Приштина активирала специјални тимови за помош во кризните области на Албанија.
„Сите албански пријатели реагираа брзо. Премиерите Конте и Мицотакис ќе испратат специјални летала. Претседателот Макрон и претседателот Ердоган изразија подготвеност за каква било помош од нивните држави. Амбасадите на ЕУ и САД исто така најавија дека се подготвени да ни помогнат “, рече Рама.