Манчестер Сити имал први разговори со Рахим Стерлинг за нов договор со играчот. Потенцијален договор би можел да го направи англискиот репрезентативец најскап фудбалер во историјата на клубот. Вчера, претставници на „граѓаните” се сретнаа со агентите на Стирлинг. Двете страни зборувале помалку од еден час и не наишле на многу различни ставови.
Фудбалерот во моментов зема 275.000 фунти неделно, а неговата нова плата би можела да надмине 350.000 фунти. Клубот е уверен во врска со иднината на фудбалерот, откако потпиша петгодишен договор со поранешниот крилен напаѓач на Ливерпул минатиот ноември.
Формата на Стирлинг, сепак, продолжува да импресионира веќе втора сезона по ред, а „граѓаните” сакаат да се погрижат дека нема да има голема понуда од клуб како Реал Мадрид, кој е заинтересиран за него.