Неофицијално: Тројца загинати по земјотресот во Драч
Неофицијално, досега се регистрирани тројца загинати, јавуваат медиумите од Албанија. Меѓутоа од она што најмногу се стравува е дека таа бројка ќе расте, особено откако стигна информација за урната зграда во близината на Драч, а во урнатините се заробени неколку лица.
 
  
  
 
 
				



 
													 
													