Беџети: Дали Мухамед Зекири е дел од групата за криумчарење мигранти?

Градоначалникот на Сарај и поранешен министер за правда Блерим Беџети вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 упати јавно прашање за Мухамед Зекири од СДСМ – „Дали неговото возило и тој лично е дел од групата за криумчарење на мигранти“ ?.

– Не е добро партија како СДСМ да има потпретседател како Мухамед Зекири. Партиите и луѓето треба да се дистанцираат од него, рече Беџети.

Тој изјави и дека Зекири како новинар побарал пари на црно од поранешиот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај. Парите од градоначалникот ги побарал преку негов новинар-пријател.

Беџети вели јавно во емисијата „Click Plus“ дека стои зад тоа што го зборува и дека стои на располагање на обвинителството.

 

Треба да знаете
Последни објави