Бројката на загинати по земјотресот во Драч се искачи на 10 лица
Силниот земјотрес што ја погоди Албанија изутринава во 3.56 часот предизвика материјална штета, има и повредени, a албанските медиуми, неофицијално, за жал јавуваат и десет лица загинати.
Се стравува дека бројот би можел да биде и поголем бидејќи има оштетени, па и урнати станбени објекти.
Поширокото подрачје на Драч, каде што беше епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, е без струја, а жителите се надвор од своите домови.
Земјотресот е почувствуван и во Македонија, Црна Гора и Грција. Неколку минути по главниот потрес е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени.