Сенаторот демократ Крис ван Холен изјави дека Турција ја мина последната „црвена линија”, со тоа што почна да ги тестира радарите на системите „С-400″, што ги купи од Русија”.
„Две недели откако ја посети Белата куќа претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган покажа непочитување кон американскиот претседател, Доналд Трамп, САД и НАТО, а, исто така, мина уште една црвена линија во однос на системот „С-400″” , напиша сенаторот на својот налог на Твитер.
Ван Холен подвлекува дека актуелното американско законодавство „го обврзува Трамп да наметне санкции”.
Како резултат на преговорите со Ердоган во Вашингтон, Трамп изјави дека двете земји им даваат инструкции на своите службеници да работат за решавање на постојните проблеми околу системот „С-400″.
Претходно весникот „Милиет”, повикувајќи се на воен извор, соопшти дека Турција почнува да ги тестира радарите „С-400″, наредувајќи ловците „Ф-16″ и други авиони на военото воздухопловство да бидат кренати во воздух.
Испораките на најновите руски системи за ПВО „С-400″, што предизвикаа криза во односите меѓу Турција и САД, почнаа во средината на јули.
Според турскиот претседател, „С-400″ ќе биде целосно оперативен во април 2020 година.
Вашингтон побара откажување на договорот, заканувајќи со забавување или дири и откажување на продажбата на ловците „Ф-35″ за Турција, како и наметнување санкции во согласност со Законот за спротивставување на противниците на САД преку санкции.
Анкара одби да направи било какви отстапки.