Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул и репрезентацијата на Холандија, Жоржино Вајналдум би го напуштил теренот доколку би бил подложен на расни напади од страна на публиката, дури и ако тоа се случи во финалето на Лигата на шампионите.
– Зошто да играм во тој случај? Мислам дека секој треба да го стори тоа (да го напушти теренот). Ова е начинот на кој луѓето треба да се поддржуваат себеси. Ако продолжиме да играме во овие ситуации, работите никогаш нема да се променат. Фудбалерите мора да бидат заштитени за натпреварот да продолжи, изјави Вајнлдум за Си-Ен-Ен.
Во последните неколку недели, Марио Балотели во Италија и Тајсон во Украина беа подложени на расни напади од навивачите.