Последователниот земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер, кој утрово ја погоди Албанија околу 7:10 часот, беше забележан и во емисија во живо.
Додека репортерот на албанската телевизија „Њуз 24“ имаше известување во живо, камерите регистрирaа земјотрес, а тоа може да се види во самото студио, кое се тресеше заедно со камерите.
Водителот остана на своето место и продолжи да ја работи својата работа, а неколку пати погледна кон таванот, како да проверува дали ќе се урне, пренесе порталот „Кликс“.
Најсилниот земјотрес од 6,4 степени според Рихтер беше забележан во 3:55 часот по полноќ и беше проследен со серија послаби потреси.
Според последните информации, најмалку девет лица загинаа во земјотресот, а повеќе од 300 се повредени.