Владата го усвои предлогот за измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, кој има за цел на подобар и поефикасен начин да се уреди управувањето и располагањето со градежното земјиште беше усвоен денеска на владина седница.

Дел од новите решенија во предлог законот утврдуваат дека отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на државата по пат на електронско јавно наддавање ќе се врши само на уредено градежно земјиште и ќе содржи дополнителни конкретни податоци кои ќе придонесат за подобро запознавање на купувачите со нивните права и обврски во иднина.

Договорите за купопродажба на градежно земјиште по пат на јавно наддавање во целост ќе ги содржат сите предвидени податоци од Објавата за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за да се придонесе за постабилен пристап во евентуалните судски спорови.

Со новиот предлог закон градежно земјиште во сопственост на државата, се заокружува процесот на децентрализација во поглед на вршењето на работите на општините, општините во град Скопје и градот Скопје, и се олеснува процесот за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, се вели во владиното соопштение.

Треба да знаете
Последни објави