Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за иднината на дијалогот со Приштина изјави дека нема ништо добро што би донесло „трошка оптимизам”, но само лошо кога ќе се слушнат изјавите што доаѓаат од Приштина.
-Мислам дека ретко кој има направено толку многу за српската кауза како (Рамуш) Харадинај и (Алјбин) Курти, бидејќи на сите им покажаа дека албанската страна е проблем, изјави за РТС Дачиќ.
Според него, сè додека меѓународната заедница не изврши притисок врз Приштина, не може да очекува успех во дијалогот, како и дека нема да има негово продолжување сè додека не бидат укинати таксите на српските производи.
Запрашан за меѓународното посредување во дијалогот, тој кажа дека шефот на европската дипломатија, Joзеф Борел, е тој што треба да биде на функцијата висок претставник на Европската унија и дека тој ќе биде главниот.
-Целата таа приказна што се појави за некој специјален претставник за дијалог за Западен Балкан беше иницирана од незадоволството кое владееше во некои европски земји, пред сè во Германија, од работата на Федерика Могерини, рече Дачиќ одговарјќи на прашањето дали министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, доаѓа на местото специјален претставник.
Тој оцени дека „во врска со тоа беше речено – бидејќи Борел доаѓа од земја која не го признава Косово дека е добро да се најде некој што би се посветил на тоа”.
-Мислам дека прво треба да биде запрашан Борел. Тој ќе ја разгледа ситуацијата и ќе утврди дали воопшто има потреба од специјален претставник. Никој не прецизираше дека ќе има специјален претставник, рече Дачиќ, цитирајќи дека тоа се информации “директно” од Борел.
Според Дачиќ, доколку има таков специјален претставник, тоа веројатно ќе биде некој поранешен премиер или шеф на дипломатијата.
На прашање за декларацијта за воена неутралност и политичка независност, која треба да се донесе во српскиот парламент, тој кажа да тоа значи дека „Србија ќе води политика што нема да зависи од никој, туку од нејзините интереси”.