Земјотрес со епицентар во Босна и Херцеговина е почувствуван претпладнево во 10 часот и 19 минути во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошката опсеравторија при Природно-математичкиот факултет, соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 300 километри северозападно од Скопје, во соседна БиХ, со Рихтерова магнитуда од 5,4 степени.