Изгорени уште два контејнери во Скопје

УТРИНАВА ПОВТОРНО СЕ СООЧИВМЕ СО ОПОЖАРУВАЊЕ НА ДВА КОНТЕЈНЕРА, НА УЛ.НИКОЛА КАРЕВ, ВО БЛИЗИНА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА. ВО ТЕКОТ НА ПРВИТЕ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ ОД 2019 ГОДИНА  ОД СТРАНА НА НЕПОЗНАТИ СТОРИТЕЛИ СЕ ОПОЖАРЕНИ НАД СТО САДОВИ НАМЕНЕТИ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ. САМО ВО ПРВИТЕ СЕДУМ ДЕНА ОД МЕСЕЦОТ  НОЕМВРИ ИЗГОРЕЛЕ ДЕСЕТ КОНТЕЈНЕРИ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА” – СКОПЈЕ.   СИТЕ ОПОЖАРЕНИ КОНТЕЈНЕРИ СЕ ЦЕЛОСНО УНИШТЕНИ И НЕУПОТРЕБЛИВИ. СО ВАКВИТЕ ИНЦИДЕНТИ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА” – СКОПЈЕ МУ Е НАНЕСЕНА ФИНАНСИСКА ШТЕТА ВО ВИСИНА ОД  1, 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ПАЛЕЊЕТО НА КОНТЕЈНЕРИТЕ ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ПРИ ОДЛАГАЊЕТО, СОБИРАЊЕТО И ТРАНСПОРТОТ НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД И ОДРЖУВАЊЕТО НА ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОТ. ДА ПРЕСТАНЕ ВАНДАЛИЗМОТ И УНИШТУВАЊЕТО НА ОПРЕМАТА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА”-СКОПЈЕ!

Треба да знаете
Последни објави