Нов земјотрес со јачина од 4.7 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јадранскиот брег на 22 километри од албанскиот град Драч, јавуваат агенциите.

Земјотресот бил регистриран во 18:19 часот на длабочина од околу пет километри.Ова е еден од појаките земјотреси што ја зафатија Албанија по страотниот потрес кој се случи изутрината во 4 часот и во кој има повредени и жртви.

Треба да знаете
Последни објави