Околу половина од резервите на Варшава во Велика Британија беа пренесени назад во Националната банка на Полска (НБП), објави во понеделникот гувернерот на Централната банка, Адам Глапински. „Златото ја симболизира силата на земјата“, рече Глапински.
Иако половина од резервите на Полска сè уште се чуваат во Англија, Централната банка на земјата соопшти дека може да продолжи да го враќа скапоцениот метал ако „резервната состојба е поволна“.
„Полска би можела да оствари профит од повеќе милијарди од продажба на своите златни резерви, но во моментов не планира да го стори тоа“, рече Глапински.
Полска стана 22 најголем сопственик на злато во светот, таа купила околу 125 тони во 2018 и 2019 година, зголемувајќи ги своите резерви на злато на 228,6 тони. Според податоците на НБП, резервите од злато сега вредат околу 10,8 милијарди американски долари.
Централните банки во светот се во акцоја на купување злато, зголемувајќи ја вкупната побарувачка за скапоцениот метал на највисоко ниво во последните три години во првата половина на 2019 година, посочува Светскиот совет за злато.