Приштина: При ископувањето не се пронајдени посмртни остатоци од исчезнати Албанци

За време на ископувањето, што започна денеска во кругот на Универзитетот во Приштина, по наредба на косовското специјално обвинителство, не се пронајдени посмртни остатоци од исчезнати Албанци, потврди Комисијата за исчезнати лица во Приштина.

Ископувањето, што се спроведува поради сомневање дека постои наводна масовна гробница со тела на Албанци убиени за време на косовскиот конфликт, ќе продолжи утре, јавија косовски медиуми.

Во Косово како исчезнати се водат уште 1.647 лица припадници на сите национални заедници.

Треба да знаете
Последни објави